ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

СДСМ: Чулев мора да има сериозни аргументи за сѐ што ќе каже во јавност, а не претпоставки и нецелосни факти

Наместо да држи празни и конфузни прес конференции со кои го повикува Обвинителството, треба да се обрати до Обвинителството со правните механизми што ги има како министер, пишуваат од СДСМ.

May 28, 2020 19:34
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев денеска повторно преку невистини, преку непрецизни и нецелосни информации се обидува да ја вознемирува јавноста, пишува во соопштение од Социјалдемократскиот сојуз во врска со конфузните и неосновани тврдења на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за прислушкување.

По прес-конференцијата со право се поставуваат дилемите дали Чулев денеска излезе со претпоставки или со докази за, како што вели тој, наводно нелегално прислушување? Дали за ова е известен Советот за безбедност и дали оваа тема се отворила на некоја од затворените владини седници?

Дали Чулев денеска имаше прес-конференција само за да го има во медиумите или навистина располага со некакви сомнежи за злоупотреби?

Чулев мора да знае дека сѐ што ќе каже во јавноста мора да подлежи на сериозни аргументи, а не претпоставки и нецелосни факти, и на крајот наместо да држи празни и конфузни прес-конференции со кои го повикува Обвинителството, да се обрати до Обвинителството со правните механизми што ги има како министер.

Како што јавно соопшти и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на следењето на комуникациите во мрежите на операторите и нема техничка можност самостојно и независно да активира и да врши следење на комуникации во мрежите на телекомуникациските оператори без посредство на Оперативно техничката агенција. Истовремено, согласно Законот за Оперативно техничката агенција, оваа Агенција е самостоен државен орган кој што овозможува техничка поврзаност помеѓу операторите и органите овластени за следење на комуникациите. 

Реформите во безбедносните служби беше врвен приоритет на владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ. Нивното усвојување обезбеди професионализација на безбедносните служби, што беше поздравено и од страна на нашите пријатели во ЕУ. За потсетување, за овие важни закони гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а дополнително, на чело на Комисиите за надзор се пратеници од редовите на опозицијата. 

Јавноста памети дека токму партијата која стои зад Чулев, ВМРО-ДПМНЕ со години го злоупотребуваше безбедносно-разузанвачкиот сектор за масовно нелегално следење на комуникациите на над 20.000 граѓани.

Денес, тоа е минато, денес, следењето на комуникациите од страна на безбедносните служби е целосно согласно законите и доколку се појави било каков сомнеж за некаква злоупотреба институциите веднаш треба да реагираат, појаснуваат од СДСМ во реакцијата кон техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Next Post

Министерство за правда на САД: Истрагата за смртта на Џорџ Флојд е „главен приоритет“

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk