ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Грант од 10,6 милиони денари од Светска банка за Општина Кочани, за регулација на дел од коритото на Кочанска Река

May 29, 2020 15:04
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска во Министерството за финансии го потпиша договорот за вториот грант од проектот Подобрување на општински услуги, за реализација на проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска Река“.

–  Добивме 10.614.838 денари, грант од Светска банка што е уште една потврда за транспарентното и отчетно управување со финансиите од страна на Општина Кочани. Со проектот естетски ќе се обликува дел од речното корито, пешачките патеки покрај кејот и уредувањето на просторот ќе се вклопат во урбаната средина на Кочани и ќе се даде континуитет на регулацијата на реката во централното градско подрачје. Со други зборови, добивме неповратни средства за да уредиме ново место за рекреација, прошетка и уживање во природата – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Со потпишувањето на Договорот во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги за асфалтирање на шест улици во градот Кочани и пет во населените места,  Општина Кочани се стекна со право на искористување на грант во висина од 27 % од искористените средства. Според резултатите од изработената Урбана ревизија како приоритетен за реализација беше утврден проектот „Регулација на дел на  Кочанска Река“.

Според проектот, ќе се регулира и уредува делот од Кочанска Река северно од последниот сообраќаен мост спротиводно од текот на реката во должина од 451 м, каде што постои намалена пропусна способност на реката поради зараснатост со вегетација, но и од импровизирани објекти и премини.

Проектот опфаќа изградба на кејски ѕидови на дел од коритото, пешачки патеки во и надвор од речното корито, бетонски скали, осветлуваање и урбана опрема. Општина Кочани, со одлука на Советот учествува со кофинансирање во висина од 4,6 милиони денари. Општинските служби најавуваат дека по подготовката на тендерската документација, наскоро ќе биде објавен и јавниот повик за избор на изведувач.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

VDzambaski / Flickr

Разочарување по блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за Кочани

May 15, 2025
Fares Garabet

Трамп има план, има нов аероПЛАН

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на консултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk