ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пазарните инспектори бркани од локалите, од денеска ќе се изрекуваат и казни

Од денес инспекторите, освен што ќе се обидат едукативно да им помогнат на угостителите околу протоколите, ќе почнат да изрекуваат и казнени мерки. Контролите ќе бидат засилени и ќе се спроведуваат и во ноќните часови и за време на викендот.

May 29, 2020 15:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Жива музика, играње на маса, гушкање. Ова, меѓу другото, го затекнале пазарните инспектори синоќа, додека вршеле контроли во угостителските објекти кои од вчера почнаа со работа.

Инспекторите, како што соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, биле навредувани не само од страна на сопственици на локалите, туки и од гостите. „Едуцирајте нѐ и напуштете го локалот“, така им се обраќале.

Пауновски најави дека од денеска инспекторите, освен што ќе се обидат едукативно да им помогнат на угостителите околу протоколите, ќе почнат да изрекуваат и казнени мерки. Контролите ќе бидат засилени и ќе се спроведуваат и во ноќните часови и за време на викендот.

– Не велам сите, но кај поголем број од угостителите при синоќешните контроли е утврдено дека воопшто не ги почитуваат протоколите. Морам да искажам огромно разочарување од нивното однесување, но и од однесувањето на оние што ги посетуваат. Наидувавме на понижување, „едуцирајте не и напуштете го локалот“ велеа, што е крајно неодговорно и ниско, и од гостите и од сопствениците на објектите. Совеста и свеста на граѓаните, посебно на угостителите, затаи. Од денеска, онаму каде што ќе констатираме нарушување на протокклите, ќе бидеме приморани да изрекуваме казнени мерки, нагласи Пауноски.

Тој уште еднаш апелира пртоколите да се почтиуваат.

– Апелирам и дека голем дел од точките се применливи, се работи за здравјето на граѓаните. Наместо да се намалува бројот на заболени, единствено кај нас има зголемување. Затоа, апел до сите угосители, инспекторите се на терен, ќе бидат и викендов и навечер. За секое нарушување ќе постапуваат и со казнени мерки. Од нас сите зависи дали со мерките ќе излеземе од корона-состојбата или сами ќе бараме повторно, за жал, да се воведат поригорозни мерки, потенцира директорот на Инспекторатот.

Одговорајќи на новинарско прашање, Пауноски рече дека Инспекторатот ниту ги донел протоколите, ниту учествувал во нивното носење.

– За жал, во носењето учествуваа трите синдикати на угостителите. Наша надлежност е да ги надгледуваме, дали ги применуваат мерките. Немаме обврска, ниту задолжение да вршиме легитимирање на оние што ќе ги посетуваат угостителските објекти. Предмет на наша контрола се објектите, односно сопствениците. Оние што ги отвораат локалите треба да ги менаџираат протоколите, никој друг нема право да се меша во тоа, во работењето на угостителксиот објект, потенцира Пауноски./МИА/

Next Post

Спасовски на ФБ: Можно враќање на рестриктивни мерки, угостителите и граѓаните не ги почитуваат мерките и протоколите

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk