Сведоци сме дека вчера ниту угостителските објекти не почитуваа дел од протоколите, но и граѓаните. Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи, напиша премиерот Оливер Спасовски на Фејбук.
Упатувам апел до граѓаните, се’ со цел заеднички да си помогнеме во намалување на рестрикциите. Меѓутоа, не ја исклучувам можноста до воведување на повторно рестриктивни мерки, особено во општини каде има вакви тенденции. Непочитувањето на мерките ќе се санкционира од инспекциите, пишува во Фб објавата.