ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пауновски: Увидот на инспекторите од терен уште на првиот ден е крајно разочарувачки и загрижувачки

„За жал, увидот на инспекторите од терен уште на првиот ден е крајно разочарувачки и загрижувачки! Забележани се голем број и многу сериозни пропусти и непочитување на одредбите од протоколите. Во Државниот пазарен инспекторат ги оценуваме и како злоупотреба на добрата волја во првата недела од воведување на протоколите за работа на кафетериите и рестораните да не се изрекуваат казни од страна на поголем број сопственици и менаџери“, информираше директорот Пауновски.

May 29, 2020 16:35
in Uncategorized, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
 Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната вонредна прес-конференција, по одлуката на Владата вчера да  бидат отворени кафетериите и угостителските објекти за послужување храна, информираше дека инспекторите интензивно работат на терен, при што во текот на контролата е забележано непридржување во примената на протоколите за отворање и работа на кафетериите и на угостителските објекти за исхрана.

Директорот Пауновски истакна дека во текот на вчерашниот ден  Државниот пазарен инспекторат направи увид и дека сериозните прекршувања кои се забележани ќе бидат санкционирани согласно членот 205 и 206 од Уредбата донесена од Владата.
„За жал, увидот на инспекторите од терен уште на првиот ден е крајно разочарувачки и загрижувачки! Забележани се голем број и многу сериозни пропусти и непочитување на одредбите од протоколите. Во Државниот пазарен инспекторат ги оценуваме и како злоупотреба на добрата волја во првата недела од воведување на протоколите за работа на кафетериите и рестораните да не се изрекуваат казни од страна на поголем број сопственици и менаџери“, информираше директорот Пауновски.
Тој посочи дека овие протоколи се донесени за да се спречи ширењето на коронавирусот, бидејќи КОВИД-19 е сè уште меѓу нас.
Директорот Пауновски истакна дека иако дел од угостителите ги почитуваат мерките, сепак е забележана тенденција на непочитување и од страна на угостителите и од страна на гостите кои ги посетуваат локалите, за која најави дека нема да се толерира.
Воедно тој истакна дека овој начин на однесување е сериозна закана за здравјето на граѓаните и уште тешка опструкција на мерките за спречување на ширењето на вирусот.
„Од овие причини, најавувам дека Државниот пазарен инспекторат од денеска ригорозно ќе ги применува своите надлежности. Ќе имаме интензивно присуство на терен и секоe прекршување на одредбите од протоколите ќе биде казнето“, потенцираше Пауновски.
Тој упати апел до сите граѓани дека ситуацијата е сериозна, дека се работи за сите нас и повикува на свесност и совесност во примената на протоколите за безбедно работење на угостителските објекти.
 
Во продолжение ви ги наведуваме одредбите од протоколите:
„Протокол за отворање и работа на кафетерии утврдува дека нивното работно време е од 08:00-22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови – терасите од кафетериите кои се од три страни отворени со кровна конструкција.
Вработените во кафетериите кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а бројот на гости е ограничен само на тие што можат да седат, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и на стоечки маси.
Протоколот предвидува задолжително менаџирање на влегувањето на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.
Сопствениците или менаџерите на кафетериите се задолжуваат да постават дезинфекционо средство за раце на секоја маса, и да определат одговорно лице коешто ќе врши засилени внатрешни контроли на вработените за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.
Протоколот утврдува засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости, а на крајот на смената е задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, а алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
Протоколот наведува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на дезинфекциони средства. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите, а задолжително е користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави како што се приватни веселби, родендени, свадби и слично.“
Next Post

Таткото на Конопова ја пријавил во МВР за напад со тврд предмет

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk