Граѓани на Кочани до редакцијата на „Слободен печат” испратиле видео кое е снимено вчера, на улиците на Кочани, на кое се гледа дека околу 60 луѓе, одржале протест на улица, без маски и дистанца и извикувале „Господ е голем”.
Како што јавуваат од „Слободен печат“, причината за протестот, според пријавата во МВР е тоа што скопјанец на социјалната мрежа Фејсбук напишал навредлива порака за Алах, по што како знак на револт, граѓани се собрале да протестираат.
Но, тие како што е евидентно од видео материјалот, не носат маски, не одржуваат дистанца и ја кршат уредбата со законска сила за забрана за групирање на повеќе од двајца на територија на целата држава.
Против скопјанецот што ги објавувал постовите навредливи за припадниците на муслиманската вера, поднесена е пријава од страна на единицата за компјутерски криминал.