– Неколку политички лидери од поголемите политички партии беа прилично блиску до датум за парламентарни избори, беа во рамки на 10 до 15 дена разлика. Во последните два дена тие разговори се во прекин, но уште еднаш напомнувам дека ситуацијата е сериозна и ни е потребна Влада со полн политички легитимитет и капацитет, истакна Пендаровски за прашањето за датумот за одржување на Парламентарните избори.
Претседателот Пендаровски ја истакна сериозноста на кризата со пандемијата и рече дека не е ни на повидок завршување на светската пандемија, но ние мора да се прилагодиме и да најдеме начин да функционираме во новонастанатите услови, кои ќе потраат сè додека не се најде вакцина, која како што нагласи Претседателот, за жал не е на повидок.
Ј. Ѓорѓиоски