Од вкупно дијагностицираните нови 35 случаи на Ковид-19, според денеска објавените податоци, 22 се од Скопје.
Како што информира Институтот за јавно здравје, 22 случаи на заболените од Скопје се од: Чаир-5, Бутел-3, Сарај-2, Аеродром-2, Шуто Оризари-2, Ѓорче Петров-2, Илинден-2, Гази Баба-1, Студеничани-1, Сопиште-1 и Кисела Вода-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај, и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај, известуваат од Институтот за јавно здравје.