ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

May 30, 2020 18:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 6.086.344 лица. Од нив починале 368.462, а оздравеле 2.697.211.

– Во Мексико, се потврдени уште 3.227 случаи на заболени од коронавирусот и 371 смртен случај. Вкупниот број заразени во таа земја е 84.627, а починале 9.415 лица.

–  Бројот на потврдени случаи во Германија е зголемен за 738, на 181.196. Бројот на смртни случаи се зголеми за 39 на 8.489.

– Во Кина се потврдени уште четири случаи на коронавирус, додека претходните денови не беа регистрирани нови случаи на инфекција. Сите случаи се увезени, соопшти Националната комисија за здравство.Потврдени се четири нови асимптоматски случаи, споредено со пет претходниот ден. Нема нови смртни случаи, досега се потврдени  4.634 смртни случаи.

– Јужна Кореја денеска соопшти за 39 нови случаи на заболени повеќето од нив во густо населената област на Сеул и се поврзани со вработените во голем магацин. Вирусот е откриен на безбедносните кациги на вработените, лаптопите, тастатурите и друга опрема.Потврдени се вкупно 11.441 случаи на заболени, а 269 лица починале.

– Во изминатите 24 часа починаа уште седум пациенти од коронавирус во Унгарија, така што вкупниот број на е 524. Сите починати биле постари луѓе кои имале други тешки болести. Бројот на заразени со вирусот се зголеми за 26, на 3.867. Бројот на активни инфекции во Унгарија се намали на 1.201. Во болници има 414 пациенти, од кои 22 се на респиратор.

– Уште пет лица заразени со вирусот починаа во Романија, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.253. Две жени и тројца мажи на возраст меѓу 62 и 90 години починале и сите имале други болести.

– Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се седум нови позитивни случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, вкупно се заразени 2.915 лица. Досега во Грција се направени 178.316 тестови.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти еден нови случај на Ковид-19, од направена 2.061 анализа, а бројот на заразени лица се зголеми на 944 од почетокот на епидемијата.

– Во последните 24 часа никој не починал во Србија од последици на коронавирусот. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 242. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 3.548 лица биле тестирани на коронавирус, а вирусот е потврден кај 27 од нив.Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.381 лица.

– Во последното деноноќие, од направените 229 тестови, во  Албанија потврдени се 23 новозарзени со Ковид-19,од нив двајца здравствени работници. Во последните 24 часа забележан е поголем број пациенти во Инфективната клиника споредено со изминатитите денови.Моментно хоспитализирани се 26 лица од нив четворица се на интензивна терапија, додека еден е интубиран.  Во исто време болеста ја победиле шест лица или  857 од вкупно заразените 1.122 лица. Активни на болеста се 232 лица, главно во Тирана,Драч и Круја. Продолжуваат среолошките тестирања кај здавствените работници.До сега направени се 1.450 тестови при што позитивни биле девет осто од нив

– Во Косово вчера беа извршени 311 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19, при што се регистрирани 12 новозаразени. Во истиот период се потврдени деветмина излекувани, а нема ниеден нов случај на починат заболен од новиот коронавирус. Вклучително вчерашните официјални податоци, од појавата на епидемијата во Косово досега се евидентирани 1.064 заразени, од кои излекувани се 829 лица, додека починаа 30 носители на вирусот, сите заболени и од други хронични и тешки болести. Активни случаи на заразени од Ковид-19, според последните статистики, има 205. Заклучно со вчерашниот ден, според информациите од Институтот за јавно здравство на Косово, во неговата лабораторија за микробиологија се извршени вкупно 14.635 тестирања.

Next Post

Критинк: Дезинформација за изјавата на Рама – границите не се отвораат само за Албанците

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk