ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Критинк: Дезинформација за изјавата на Рама – границите не се отвораат само за Албанците

May 30, 2020 19:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за отворање на границите со соседните држави беше погрешно протолкувана дека тие ќе со отворат само за Албанците. Оваа дезинформација од бројни медиуми предизвика и реакции од политичката јавност во Македонија. Но, како изјавата на Рама беше погрешно преведена и погрешно интерпретирана од бројни медиуми, прашуваат од Критинк.

Освен погрешните интерпретации на медиумите на оваа изјава, реакција со погрешна интерпретација на изјавата имаше и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и од пратеникот Илија Димовски, кој ja прогласи изјавата на Рама како “лудило од 19-тиот век”.

Од друга страна, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на својот Фејсбук профил објави дека наводната одлука на премиерот на Албанија за отворање на границите само за Албанците во соседните земји, кои имаат албански, косовски, македонски или црногорски пасош, е лажна.

ШТО, ВСУШНОСТ, РЕЧЕ РАМА?

По повод ублажувањето на мерките против Ковид-19, меѓу кои спаѓа и отворањето на гранците кон соседните држави, Рама изјави:

„Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ние ќе ги отвориме копнените граници со соседите. За сите Албанци, без разлика дали се со пасош од Албанија или од Косово, Северна Македонија или Црна Гора, ние ќе продолжиме да ве повикуваме без престан сите, без исклучок, да внимавате. На 1 јуни ќе се отворат границите, но не и плажите“.

Од оваа изјава лесно може да се заклучи дека не станува збор за отворање на границите само за Албанците, туку за сите соседи. Потоа, Рама има порака до сите Албанци да внимаваат и да се чуваат. Но, со или без намера, новинарите се „изгубија во преводот”.

Имено, кратка пауза во говорот не мора да претставува запирка, како што е тоа во овој случај каде станува збор за точка. Со тоа, реченицата добива сосема друга конотација. А, една ваква граматичка грешка при пишувањето може „да сруши планини”.  Па, така, новинарите, а после и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, „го заборавија” ова правило и погрешно ја протолкуваа изјавата. И покрај спротивните тврдења на Мухамед Зекири, Петрит Сарачини и други, на кои албанскиот им е матичен јазик и кои јавно реагираа против оваа дезинформација, медиумите блиски до опозицијата продолжија да инсистираат на погрешниот превод. Тие дури пренесоа титлувана видео верзија од изјавата на Рама, но повторно користејќи погрешна интерпункција и насочувајќи ги своите читатели да ја толкуваат изјавата во погрешна насока (овде и овде). Во овие видео клипови повикот на Рама кон Албанците од регионот да внимаваат при патувањето во Албанија повторно беше поистоветено со погрешното толкување како небаре отворањето на границите да се однесува само на етничките Албанци жители на државите од регионот.

Инаку, реакција имаше и од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и од Владата на РСМ, кои исто сметаа дека границите не се отворени само за Албанците.

Во воведот на написот на написот што овде го рецензираме, пак, во интерпретацијата на соопштението на ВМРО ДПМНЕ се вели:

„Нивната реакција (на ВМРО-ДПМНЕ – н.з.) следува откако денеска албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија ќе ги отвори границите за сите Албанци кои живеат во соседните земји, а кои имаат државјанство на тие земји – Србија, Северна Македонија и Црна Гора“.

Брзањето по ексклузивност во конкретниов случај е на штета на точното информирање на граѓаните. Во конкретниот случај, во најмала рака би требало да се провери точноста на изјавата, преводот, па и да се побара став од засегнатата страна, во овој случај, Владата на Албанија. Но, тоа не е сторено и, како последица, сакајќи или не, доаѓа до дезинформирање на граѓаните.

Кодексот на новинарите, поточно член 1, за тоа како треба да се постапи во конкретниов случај, е дециден:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави“.

Next Post

Филипче: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk