ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хан: Дали станува збор за трајно вето од Франција за проширувањето

По одлуката на Советот на ЕУ, ние сме беспомошни. Сепак, треба да се има предвид дека 25 земји се изјаснија за отворање на преговорите, истакнува Хан, упатувајќи критика за принципот за едногласно носење одлуки во Советот на ЕУ, кој според него досега повеќепати се покажа како неефикасен

October 24, 2019 10:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повторно остро го критикуваше негативниот став на Франција и одбивањето на европските лидери да донесат одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, оценувајќи оти последиците по двете земји и по регионот може да бидат катастрофални.

Хан во интервју за австриската агенција АПА, a пренесува МИА,  вели дека по негативната одлука на лидерите на ЕУ се отвора прашањето дали станува збор за трајно вето од Франција за проширувањето.

– Искрено кажано по одлуката на Советот на ЕУ, ние сме беспомошни. Сепак, треба да се има предвид дека 25 земји се изјаснија за отворање на преговорите, истакнува Хан, упатувајќи критика за принципот за едногласно носење одлуки во Советот на ЕУ, кој според него досега повеќепати се покажа како неефикасен.

Хан вели дека францускиот претседател Емануел Макрон бара ЕУ претходно да спроведе внатрешни реформи што е поддржано и од некои други членки. Но, тоа според еврокомесарот, може да се одвива и паралелно со процесот на пристапување на државите кандидати.

– И едното и другото ќе траат со години и ако ја следиме линијата на Макрон и би се одело едно по друго тоа во пракса би значело дека перспективата за членство во ЕУ може да стане реалност дури по 30 години. А, тоа не би била никаква перспектива ниту поттик за реформите, смета Хан.

Еврокомесарот за проширување оценува дека очигледно Франција во моментов не сака никакво проширување на ЕУ, а најавите дека ова прашање повторно ќе се разгледува за време на хрватското претседавање е „бесконечна приказна“.

– Можеш еднаш да одложиш и тогаш може да има аргументи. Може дури и втор пат да се одложи како што беше примерот со роковите во германскиот Бундестаг во јуни. Но, искрено кажано сега веќе нема никакви аргументи и довербата во ЕУ по ова прашање е екстремно нарушена, истакнува Хан.

Тој упатува порака до официјален Париз дека приемот на нови земји членки не е ревизибилен процес посочувајќи на Копенхашките критериуми. Постои можност преговорите да бидат прекинати, ако се утврди назадување на земјата кандидат.

Хан исто така предупредува дека негативната одлука на европските лидери носи ризик од нестабилност во двете земји и во целиот Западен Балкан. Најавените предвремени избори во Северна Македонија, според него, покажуваат колку е чувствителна внатрешно-политичката ситуација во државите од регионот. Тоа ќе има влијание и врз иднината на дијалогот меѓу Србија и Косово, како и врз реформите во Босна и Херцеговина кои ќе ја изгубат мотивацијата по одлуката на ЕУ да не отвори преговори со Скопје и Тирана, смета еврокомесраот за проширување Јоханес Хан.

Next Post

Дипломати во САД: Блокадата за Северна Македонија и Албанија е регрес и огромна грешка

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk