Во тетовскиот и гостиварскиот регион, како што расте бројот на новозаразени со КОВИД-19, уште повеќе расте и бројот на лицата кои се стават во изолација, или само изолација, според прописите за заштита од корона вурусот, голем е и бројот на лицата кои добиле казна за неносење на заштитна маска.
На последните 24 часа според официјалните податоци на СВР Тетово, евидентирани се 131 нови лица (ТЕ-128 и ГВ-3) во изолација со одлука на државниот здавствен и санитарен инспекторат, а досега 258 лица (ТЕ-230 и ГВ-28) веќе биле на изолација и истите се под контрола на полицијата и инспекторатот.
Истиот период 20 нови лица сите од Тетово, потпишале изјава за само изолација, а извршена е контрола кај 90 лица кои веќе се во самоизолација, од кои 50 во Тетово и 40 во Гостивар. Исто така со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19, за 165 лица (ТЕ-84 и ГВ-81) подготвени се уплатници за прекршок за дејствување во спротивност со правилата во време на пандемија, според член 6 на посебната владина уредба, односно заради не носење заштитна маска.
СВР Тетово во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителските објекти во полошкиот регион и во еден објект во село Доброште е констатирано работење после дозволеното време.
А. Зеќири