ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Уништени реквизити на новото детско игралиште во Кочани

June 2, 2020 14:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Детското игралиште изградено во непосредна близина на социјалните згради во  кочанската населба Драчевик, иако сè уште официјално не е ставено во употреба, веќе е уништено. Дел од реквизитите се откорнати од подлогата, лулашките и клацкалките  се расипани, а урбаната опрема – клупите и кантите за отпад, покажуваат траги од насилство.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и претставници на неколку институции и невладини организации направија увид на локацијата на новото, сега веќе нагрдено детско игралиште.

– Ова игралиште е изградено од страна на локалната самоуправа,  со пари од граѓаните на Општина Кочани, што значи дека оваа опрема е на сите граѓани и треба рационално да се користи и да се чува. За жал, можеме да констатираме дека не е така, и ние како локална самоуправа сме загрижени за ова што се случува, за однесувањето на лицата коишто го користеле недозволено, незаконски, па игралиштето кое сè уште не е ставено во функција е уништено. Ако продолжи ваквото однесување, нам ни преостанува реквизитите да ги дислоцираме и да ги поставиме на место каде што ќе биде користено  одговорно и совесно – соопшти Илијев.

Неодамна, градоначалникот на Кочани се сретнал со дел од жителите на оваа населба, кои се пожалиле на непристојно однесување и уништување на урбаната опрема од некои соседи од новиот станбен објект. Жителите побарале надлежните да преземат мерки против лицата кои ова место на живеење од мирно го претвориле во неиздржливо, небезбедно и неспокојно.

Изминатиов период Општина Кочани изгради четири нови детски игралишта, од кои три во Кочани и едно во Грдовци, кои поради здравствената криза сè уште не се пуштени во употреба.

Next Post

Шилегов: Се работат сите неопходни сценарија ако има карантин во Скопје

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk