ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на вести во 18 часот: Предлог мерки за продолжениот викенд, во Штип затворена уште една конфекција и други вести…

June 3, 2020 18:11
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ГРАЃАНИТЕ кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Во соопштението од Владата наведуваат дека соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка.

ПРЕДЛОГ-мерките кои Комисијата за заразни болести по денеска одржаниот состанок ќе ги достави до Владата, соопшти Министерството за здравство се: Полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Со ИЗГРАДБАТА на браната „Конско“, ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини, за производство на електрична енергија, но ќе значи и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското езеро.

ФРОНТ: Сашо Ордановски: Нормални против ненормални?

САРАЧИНИ на Фејсбук: Апасиев да ни објасни, инаку отидовме јабана!

КОСТАДИНОВ: Техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев продолжува со незрелото, несериозно и неодговорно однесување. Чулев не е способен да воведе ред ниту во Министерството за внатрешни работи, а не пак во државата. Последен пример за тоа е синоќешното прекршување за забраната за јавни собири од страна на 7 полицијаци блиски до Чулев и Христијан Мицкоски.

ЗАТВОРЕНА е уште една конфекција во Штип каде дополнително е потврден позитивен тест на еден работник, објави денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски по седницата на Општинскиот кризен штаб, на која присуствуваше и вицепремиерот и координатор на национално ниво, Бујар Османи.

ЌЕ се прави реставрација на црквата „Свети Власиј“ на штипскиот Исар, со пари обезбедени од ЕУ преку Програмата за меѓугранична соработка со соседна Бугарија.

МВР денеска соопшти дека при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци, но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.

СВЕТСКИОТ ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се со предизвиците на светската пандемија на коронавирусот која го наметна велосипедот како најбезбедно превозно средство од аспект на превентивната заштита од Ковид-19.

 

А. Н. Стојчевски

 

Next Post

Г7 за билатерални договори за олеснување на долговите на најсиромашните земји

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk