Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување на полициски час.
Анализите покажуваат дека имаме ширење на вирусот на повеќе места поради непочитување на мерките за заштите, како и непочитување на останати мерки. Поради тоа Владата донесе одлука за враќање на полицискиот часи и рестикциите на движење, односно целосна забрана за движење на сите граѓани на Скопје и околината, Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од честврок 4 јуни во 21 часот до понеделник 8 јуни до 5 часот наутро“, изјави министeрот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Во сите останати градови се забранува движење од четврток 4 јуни од 21 часот до петок 5 јуни во 5 часот наутро. Потоа во останатите градови, во петок, сабота и недела почнува забраната за движење во 16 часот и трае до следниот ден до 5 часот наутро“, изјави Филипче.
Аптеките ќе работат непречено за време на полицискиот час.
Остануваат да важат забраните за движење кои биле издадени претходно, а остануваат исти и термините за шетање миленичиња, од 8 до 8:30, 15 до 15 и 20 до 20:30 часот.
Петок (5 јуни) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата на селата, исклучиво за работните потреби.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.