Лицемерние до бескрај. Еден ден “загрижен” претседател на партија, друг ден скриен “боемчија”, напиша дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска на Фејсбук и Твитер.
Кога е искрен Мицковски? Пак ќе биде отсјај?
Инаку, пред неколку дена за ТВ21, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев изјави дека во тек е истрагата за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за случајот со теретаната (фитнес центарот).
Чулев додаде дека се извршени интервјуа со вработените во теретаната, а одземени се и хард дисковите од безбедносните камери кои сега се вештачат. „Отсјајот“ со кој неодамна го правдаше шефот на ВМРО-ДПМНЕ во ТВ 24 мистериозно исчезна од неговиот јавен настап.
„При крај е вештачењето на материјалот и се надеваме дека во текот на наредните неколку денови ќе имаме чиста ситација, објективна, фактичка ситуација со цел министерот за внатрешни работи да ја каже вистината за овој случај.“, изјави Чулев за ТВ21.