ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Газдите кон работничките во Штип: Заразени, незаразени, ќе седите тука, кој преживее – преживее

Закани имало и дека сите ќе бидат одјавени ако не доаѓаат на работа, а некои, пак, оделе и до таму што лажеле дека работничките се во самоизолација, а тие биле на работа.

June 4, 2020 20:31
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стравот од заразата со Ковид-19 е речиси еднаков со стравот да се остане без работното место во некоја од штипските конфекции, Атмосферата на грубо и неправедно однесување на газдите продолжува, иако овој град со 106 заболени од коронавирусот се искачи на високото 6-то место по бројот на заболени, а кривата секојдневно оди нагоре. Сведоштвата на работнички што бараат газдите да се вразумат и да не им ги ризикуваат здравјето и животот покажуваат дека многуте апели и уредби за почитување на мерките биле прекршени, објави А1он.

Преписките меѓу вработени во конфекции, до кои дојде „А1он“, илустрираат каква е состојбата, на што се подготвени работодавците во време на кризата и колку е голем стравот на работничките да проговорат за третманот врз нив.

„Ми вика – заразени, незаразени, ќе седите тука, кој преживее, преживее. Решив да не одам на работа, ама не знам кој ќе ги рани децата зашто и онака останаа без татко“, вели една од работничките.

 

Друга, пак, вели дека газдите не разбираат колку е голем стравот на сите 200 работнички, кои секојдневно патуваат со автобусите во кои веќе имало заразени.

„Не можеш да му докажеш колку се плашиме. Патуваме со автобусот во кој се возеа пет жени што веќе се заболени. Се плашам ако дознае дека се жалиме, ќе останам без денар, две деца имам“, вели таа.

 

Имало и отказни решенија иако ова е забрането додека трае вонредната состојба.

„За време на пандемијата ме одјавиле од работа. Каде да се жалам, имам 3-годишно дете? Газдарицата рекла дека ќе даде плати, се плаши од инспекција, но мислам дека сите се поврзани и нема каде да се обратам“, прашува трета работничка барајќи помош.

Закани имало и дека сите ќе бидат одјавени ако не доаѓаат на работа, а некои, пак, оделе и до таму што лажеле дека работничките се во самоизолација, а тие биле на работа.

 

Метежот во автобусите што ги превезуваат работничките до фабричките хали се намали, дури пред три дена. Заштитни маски, средства за дезинфекција, како и почитување на дистанцата од два метра била ретка глетка на работните места во конфекциите.

Мајките на деца до дест години, хронично болните и оние што во периодот на кризата според владините уредби останале дома се соочиле со отказни решенија или со драстично намалување на и онака малите плати.

Во моментот и натаму со полн капацитет работат две од вкупно шесте конфекции во Штип.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, преку својот фејсбук-профил апелира во наредните денови да продолжи проширено тестирање на вработените од петте текстилни фабрики.

„Да бидеме дисциплинирани и внимателни, апелирам на строго почитување на препораките од Mинистерството за здравство“, напиша вчера Бочварски.

Од здружението „Гласен текстилец“ велат дека постојано се на терен и дека детектираат многубројни неправди, но со општинскиот кризен штаб прават напори да ја нормализираат состојбата. Општинскиот трудов инспекторат со двајца инспектори се обидува на секој начин да одговори на многуте поплаки од работничките.

Тие се грижат за дотирањето плата кога се пушта пониска од законската, пријави за прекувремени непријавени часови, инспекциски контроли за почитување уредби, незаконски откази.

Претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, вели дека големи се разочарувањата, но нема да се откажат во битката да се нормализира состојбата во врска со ситуацијата со вирусот и текстилните работници/чки.

Извор: А1он

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Јавниот превоз во Скопје нема да функционира во текот на полицискиот час, до 5 наутро в понеделник

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

October 7, 2025

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk