Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, преку пост на Фејсбук информираше дека нејзиниот тест за Ковид-19 е негативен.
Негативен е тестот на Covid- 19. Големо благодарам до сите кои ме контактираа и покажаа грижа за моето семејство и за мене. Таквата поддршка многу значи.
На сите кои се во самоизолација и во исчекување, им посакувам добри вести. На тие кои се позитивни и се борат со вирусот, им посакувам брзо и лесно заздравување, напиша утрово портпаролката на СДСМ, Кузеска на својот профил на Фејсбук.
Кузеска беше во самоизолација од 2 јуни, откако имала кратка средба со Сања Лукаревска.
А. Н. С.