ГРАЃАНИТЕ што ќе остварат влез или треба да ја напуштат државата за време на 80-часовниот карантин во одредени градови и забраната за движење во дел од градовите, ќе треба да го почитуваат воспоставениот протокол од Министерството за внатрешни работи.
МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче, уште еднаш апелира да се следат мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Тој во пост на Фејсбук ги нагласи главните механизми кои секој треба да ги применува против заразата од Ковид-19.
ДЕНЕС е Светскиот ден на животната средина, кој се организира под мотото: „Време е за природата”. Сите анализи укажуваат дека и COVID-19, како и сите други останати вируси се последица на однесувањето на човекот кон природата и дивиот жив свет, напиша на Фејсбук заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Макрадули.
СДСМ: Разголена е лажната грижа за граѓаните на Христијан Мицкоски, за иднината на државата. Единствено за што се грижи Мицкоски е да биде попривилегиран во однос на останатите граѓани, да ја злоупотребува својата позиција и да ги крши законите за лични задоволства и партиски цели.
ФРОНТ: Џабир Дерала: Дали Мицкоски изврши кривично дело?
ПОРТПАРОЛКАТА на СДСМ, Богданка Кузеска, преку пост на Фејсбук информираше дека нејзиниот тест за Ковид-19 е негативен.
TЕАТАРСКИОТ фестивал „Војдан Чернодрински“ кој требаше да почне денеска и да го одбележи својот голем јубилеј, 55-години постоење, ќе чека подобри и стабилни времиња. Собранието на Фестивалот, како последен термин за одржување го споменува 25 септември, или пак, јубилејот да се слави догодина.
Од ДЕНЕСКА се уникуваат ограничувањата за патувања меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка, соопшти синоќа унгарскиот шеф на дипломатијата, Питер Сијарто.
ЛИДЕРИТЕ на најразвиените земји и светски познатите донатори, како „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, ветија дека ќе обезбедат 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинација во најсиромашните земји во светот, пренесуваат француските медиуми.
A. H. C.