Министерот за животна средина, Насер Нуредини, по повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина, даде изјава за медиумите во која вели дека оваа година денот се одбележува во знакот на природата и рече дека министерството продолжува и понатаму да работи на зачувување на разновидноста и биодиверзитетот.
Драго ми е што светот оваа година го одбележува 5 Јуни, денот на животната средина, во знакот на природата. Нашата држава изобилува со природни реткости, ја имаме среќата да сме обдарени со богат биодиверзитет, но истовремено имаме и обврска да го зачуваме.
Работиме континуирано на зачувувањето на пределската разновидност и биодиверзитетот во државата, а во изминатиот период одбележавме и низа достигнувања во ова поле. Останува да продолжиме со сериозни напори за остварување на заштитата и одржување на фокусот кон овие активности, зашто сега повеќе од било кога. Време е за природата, стои во изјавата на Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
А. Н. С.