Во ПОСЛЕДНОТО деноноќие направени биле 1.245 тестови за коронавирус, а од нив 177 ce позитивни. Најголемиот број на нови заразени е од Скопје, 105, стои во текст на АлсатМ.
МИНИСТЕРОТ за животна средина, Насер Нуредини, по повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина, даде изјава за медиумите во која вели дека оваа година денот се одбележува во знакот на природата и рече дека министерството продолжува и понатаму да работи на зачувување на разновидноста и биодиверзитетот.
НОВИТЕ еко автобуси на ЈСП Скопје почнаа со пробно возење низ улиците на главниот град и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт. Во тек е обуката на возачите, која ќе трае и за време на карантинскиот викенд, односно по пет возачи дневно ќе ги возат автобусите низ градот, соопштуваат од град Скопје.
ФРОНТ: ВЛАДАНКА Димковска – Во ова издание на видео колумната #FrontAction, актерката Владанка Димковска зборува за потфрлањето на полицијата во заштита од корона вирусот.
ИАКО вообичаено Националниот ден на Шведска се слави со прием во шведската резиденција, оваа година амбасадата на Шведска во Република Северна Македонија одлучи да го прослави на еден поинаков начин: расплетувајќи ја приказната за длабоките корени на пријателството помеѓу двете земји кои датираат уште од минатиот век.
АГЕНЦИЈАТА на фармери на Франција соопшти дека винариите во земјата одлучиле виното кое им стои непродадено да го претворат во гел за раце и етанол, за да отворат простор за новото производство годинава, стои во текст на Гардијан.