ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Со неодговорното однесување на Мицкоски не се гради здрав систем

June 5, 2020 18:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во своето видео обраќање на социјалните мрежи, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски го критикуваше однесувањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за неговото непочитување на мерките за заштита на здравјето.

„И наместо да одиме напред сложно, ние имаме лидер на опозиција кому кафаните и теретаните му се поважни од здравјето на граѓаните. Ако си на водечка позиција во една партија, како што имам и јас чест да бидам генерален секретар, тогаш си ти лицето на таа партија. Па така, тоа што го правиш е рефлексија на она во што веруваш, она за што се залагаш. И не ме чуди зошто Мицкоски вака постапува. Тој во ова негово однесување верува… Лани Мицкоски често кажуваше “Рибата мириса од главата”. И така е. Тој е главата на партија која не почитува закони. Која луѓето ги дели на ваши и наши, која помага само ако имаш партиска книшка, која потплатува судии, се заканува на новинари, прави црни листи за отстрел, списоци, тепа невини луѓе и притвора неистомисленици… И најважно од се, партија која не почитува закони.“- подвлече Николовски.

Тој потсети дека Мицкоски јавно признал дека ги прекршил мерките за потоа наивно да се правда дека не ги познава протоколите за заштита на здравјето, истите оние кои неговата партија ги критикува.

„Во време на оваа страшно сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и нaмерно ги прекршува мерките и задолженијата и покажува однесување кое ни на сон не треба да му падне на памет на еден лидер на опозиција, да не правиме муабет за некој што се престставува како претендент за премиерска позиција. Не се гради така здрав систем. Нека размисли добро министерот Наќе Чулев и нека направи разлика. Изборот му е едноставен – сака да го следи неговиот лидер во деликвентство, мангуплук, или сака да помогне и да си ја врши својата работа. Мора да има ред. Има мерки и треба да има и казни. Секој што не го почитува законот треба да плати за тоа. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот. Во спротивно ќе станеме остров на зараза. Гледате колку треба. Неколку дена мангуплук и непочитување на редот и ефектите се очигледни.“- порача Николовски, генералниот секретар на СДСМ во своето видео обраќање на социјалните мрежи.

Николовски кажа дека е разочаран исто како и граѓаните и дека тие имаат право на тоа, но изрази уверување дека разумот ќе преовлада и дека ова ќе биде лекција за сите. Разочаран сум и знам дека разочарани сте и вие. Со право. Но, верувам дека разумот ќе провлада. Кај сите нас. И верувам дека ова ќе е лекција за сите нас.

 

Next Post

Љупчо Николовски: Дали Мицкоски седел на иста маса со Ален Зеќиров поранешен телохранител на Мијалков?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk