Најостро ги демантирам пишувањата во некои медиуми дека се наоѓам во самоизолација и дека со денешната прес конференција сум ја прекшила мерката, напиша дополнителната заменик- министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
„Повторно информирам дека согласно направената епидемиолошка анкета оценето е дека нема потреба да одам во самоизолација, со препорака и понатаму да носам лична заштитна опрема и да ги почитувам мерките за заштита. Со ширењето лажни вести нема да ја скриете вистината за оние кои ги прекршуваат мерките“, напиша Петровска.







