пишува: РИБАРО
Екипата на АХА, од владини извори дознава дека директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, успеал да обезбеди помош од братска Индија за достоен пречек на патарините околу Скопје, за патниците од околу 20.000 автомобили кои што викендов одлучија да го напуштат Скопје и да го избегнат карантинот.
Имено, како што велат нашите извори, од братска Индија во Македонија во недела ќе пристигне светски популарната специјалната индиска единица „Стап атак“ обучена за обезбедување во карантински услови.
Командантот на единицата, господинот Стапови Рој, како што дознаваме, бил во тесна роднинска врска со нашиот индиец Субрата Рој, што впрочем била главната врска за да се овозможи овој времен трансфер на индиската специјална единица, за пречек на скопските карантински иселеници.
Според планираното, специјалната единица на Скопскиот Аеродром ќе биде пречекана со сите почести, а обезбедени се и учесниците од литијата во Струга, ореводците од Чаир и Гевгелија за да ја збогатат церемонијата .
Главни спонзори на настапот на „Стап атак“ на скопските патарине, се градоначалниците на Охрид, Ресен, Дојран, Маврово, Берово и други градови каде што скопјани заминаа за да го избегнат карантинот.
АХА дознава дека многу владини претставници, а пред сè Филипче, жалат што не ги ангажирале „Стап атак“ и за Рамазан Бајрам, но на таа идеја тогаш се противеле Бујар Османи, Наќе Чулев и Спасовски, па пропаднала.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK