ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СОНК: Уредбата е јасна, очекуваме изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите активности

Доколку не се сопрат сите активности во врска со изборниот процес на УКИМ, голем број од нашите членови ќе бидат спречени да го дадат својот глас заради донесената Уредба од страна на Владата, со која во вонредни услови се ослободуваат од работа хронично болните работници, како и родител со деца до 10 годишна возраст.

June 8, 2020 11:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Се чини дека е јасна најновата Уредба на Владата за замрзнување на изборните активности на УКИМ сè до завршување на вонредната состојба во државата. Во текот на денот очекуваме изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите свои активности, со што не би ги довеле во опасност по здравјето поголем број наши членови, како и останатите вработени во УКИМ, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Во спротивно, како што наведува Синдикатот, ќе имаат основано сомнение дека е направено кривично дело против здравјето и безбедноста на луѓето, како и злоупотреба на службената должност.

– Сигурни сме дека изборната комисија разумно ќе постапи и дека нема да има продолжување на изборниот процес сè до завршување на вонредната состојба. Доколку не се сопрат сите активности во врска со изборниот процес на УКИМ, голем број од нашите членови ќе бидат спречени да го дадат својот глас заради донесената Уредба од страна на Владата, со која во вонредни услови се ослободуваат од работа хронично болните работници, како и родител со деца до 10 годишна возраст. Исто така, во вакви околности е забрането групирање на луѓе, што практично би значело и невозможност да се излезе на гласање за сенатори, пишува во реакцијата на СОНК.

Во дописот потпишан од претседателот Јаким Неделков, Синдикатот посочува дека со внимание ја следи состојбата на УКИМ за избор на раководство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и дека со оваа реакција воопшто, како што наведува, нема намера ниту право да се меша во изборите на УКИМ, но дека СОНК има статутарно и морално право да се грижи за здравјето и безбедноста на своите членови.

– На кандидатите за сенатори и за ректор на УКИМ им посакуваме фер и коректна кампања, со надеж дека на раководните позиции ќе бидат избрани вистинските луѓе кои ќе се заложат со сиот свој капацитет за подигнување на квалитетот на високото образование, како и за подобрување на социјалниот статус на сите вработени во УКИМ, пишува во реакцијата од СОНК./МИА/

Next Post

Бриселската полиција уапси 150 луѓе по антирасистичкиот протест

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk