Британскиот парламент синоќа ја усвои програмата на владата на премиерот Борис Џонсон, што се оценува како ненадејна победа за конзервативниот премиер, една недела пред закажувањето на Брегзит, пренесе МИА.
Пратениците со 310 гласови „за“ и 294 „против“ ја усвоија програмата за владата која официјално беше претставена на 14 октомври од кралицата Елизабета Втора.
Парламентот ја усвои програмата неколму минути откако Џонсон предложи предвремени избори на 12 декември, но потребна е согласност од опозицијата за организирање на тие избори.