ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во мај поголеми месечните трошоци, пораст во продажбата на овошје и велосипеди

Намалување на трошоците на живот во мај годинава, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 0,6 проценти, јајцата за 0,5 отсто и виното за 0,2 проценти.

June 8, 2020 12:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трошоците на животот и цените на мало во мај во однос на април годинава се зголемени за 0,4 отсто, додека споредено со мај лани бележат намалување за 0,2, односно 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во мај 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,2  проценти, рибата и морските плодови за 0,9 отсто, жестоките пијалаци за 0,8 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, пивото за 0,4 отсто, месото, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,3 проценти, лебот и житата и млекото за 0,2 отсто.

Во мај годинава, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е регистриран и кај велосипедите, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3,3 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 3,2 отсто, опремата за спорт, кампување и рекреација на отворено за 1,8 проценти, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,8 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,7 проценти, другите медицински производи, медиумите за снимање, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 отсто, другата облека и додатоците за облека, обувките, теписите и другите подни покривки за 0,4 проценти, моторните возила, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,3 отсто.

Намалување на трошоците на живот во мај годинава, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 0,6 проценти, јајцата за 0,5 отсто и виното за 0,2 проценти.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 2,2 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 1 процент, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,9 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,8 проценти, облеката за 0,4 отсто, другите лични предмети за 0,3 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, терапевтските помагала и опрема, информатичката опрема за обработка на податоци, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,2 отсто.

Next Post

Хуманитарна акција на „Сите заедно можеме“ за сите народни кујни во земјава

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk