Во градот Тилбург во Холандија, отворена е библиотека во хала што некогаш била индустриски објект, поточно објект за репарација и поправка на локомотиви. Библиотеката е всушност културен центар со содржини за сите возрасти.
– Потполно нова библиотека, лоцирана до железничката станица, со комплетно различна атмосфера. Тука има толку многу работи што можат да се уживаат, едноставно е „жива“ и тотално различна, ќе речат во краткиот видео прилогот за библиотеката „LocHal“, што ни го посочи Јана Бeлчева на својот Фејсбук профил:
Утрово го гледав концептот на модерни библиотеки, јавен простор за сите, а сместен во напуштен индустриски објект. Убавина за сите возрасти, поттик да се помине исполнето време со знаење и заедништво. Погледнете колку се може поинаку и колку достоинство и поинаква “исхрана” му се дава на обичниот човек во Холандија. Уживајте.
Ј.Ѓ