ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Здравствената криза воопшто не влијае на завршувањето на капиталните инвестиции

Се гради во пелагонискиот регион, ја завршивме реконструкцијата на патот од Тополчани до Прилеп, се гради патот од Кадино село до Галичани, наскоро ќе почне реконструкцијата на патот од Битола до Меџитлија, се обновува регионалниот пат Крушево-Слива-Пуста река и други капитални проекти коишто се одвиваат со одлична динамика, истакна Сугарески.

June 9, 2020 15:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите проекти што ги почнавме во државата се реализираат и здравствената криза воопшто не влијае врз завршувањето на капиталните инвестиции. Посветени сме на реализација на капиталните проекти и моментно низ цела држава се одвива силна градежна офанзива, вклучително и во преспанско-пелагонискиот регион, оцени денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој изврши увид на градежните работи на свлечиштето близу преспанското село Штрбово, на местото викано Долги Рид кое се наоѓа на регионалниот пат Макази-Маркова Нога, како и на обиколницата кај Битола каде на државниот пат А3 се гради заштитна ограда.

-Се гради во пелагонискиот регион, ја завршивме реконструкцијата на патот од Тополчани до Прилеп, се гради патот од Кадино село до Галичани, наскоро ќе почне реконструкцијата на патот од Битола до Меџитлија, се обновува регионалниот пат Крушево-Слива-Пуста река и други капитални проекти коишто се одвиваат со одлична динамика, истакна Сугарески.

Потенцираше дека поставувањето на заштитната и високобезбедна ограда со звучна бариера на обиколницата кај Битола ќе ја намали бучавата и ќе ја зголеми безбедноста на населението. Со тековните градежни активности за санацијата на свлечиштето  кај регионалниот пат Макази-Маркова Нога, посочи, проблемот ќе биде решен, а безбедноста на учесниците во сообраќајот и туристите голема.  Овој пат води до граничниот премин Маркова Нога, а министерствата за надворешни работи интензивно разговараат за отворање на преминот, наведе Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов информираше дека заштитната ограда во должина од еден километар на обиколницата кај Битола е проект награден во Брисел како пример на звукозаштитна бариера изградена со еколошки материјали.

-Заштитната ограда е со висок коефициент на апсорпција на звукот, направени се од бетонска маса со гумено јадро. Овој концепт претставува економично и еколошко решение за заштита од бучава кое истовремено е едноставно за примена. Средишниот дел ќе биде изработен во различен колорит и на две нивоа, и тоа ќе биде прекрасен дел од овој дел на патот над Битола, истакна Китанов.

Значењето на реализацијата на инфраструктурните проекти во преспанско-пелагонискиот регион го истакнаа и градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и Емилија Костурски, заменик градоначалник на Битола./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почна распределбата на таблети за основци во Прилеп, донација од семејството Дестани

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тејлор Свифт за љубовта, новиот албум и животот надвор од сцената

October 7, 2025

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

October 7, 2025

На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk