– Знаеме дека многумина од вас се навикнати да работат и можеби се срамат да побараат помош за храна, но ова не е вообичаена,туку вонредна состојба. Ние сме како едно семејство и како секое семејство ќе поминеме низ оваа ситуација заедно грижејќи се и водејќи сметка едни за други, апелираат од Здружение ЛГБТ Јунајтед Тетово.
Тие повикуваат сите ЛГБТИ лица на кои им е потребна помош да не се двоумат и да побараат помош.
„Ве молиме, не двоумете се да ни се јавите на 078 385 571 (исто така достапно на viber и whatsapp) или да ни испратите порака на фејсбук и ќе ве контактираме за тоа како ќе ви ја доставиме храната каде и да сте во нашата држава.“, апелираат од Здружение ЛГБТ Јунајтед Тетово.
Ј. Ѓ.