ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дејмон Вилсон: Безбедноста на Северна Македонија е дефинирана, земјата заслужува членство во ЕУ

– Тука бев и во она време на конфликтот кога земјата беше соочена со опасност од граѓанска војна, поделби, уништувања. Земјата мина тежок пат, но сега е пред вратата на НАТО. Нејзината сувереност, безбедност е дефинирана. Таа ќе биде дел од нашето семејство, од НАТО Алијансата. Ќе биде дел и од ЕУ, и подобро е тоа да се случи порано отколку подоцна, сметам дека земјата го заслужува тоа, вели Вилсон.

October 25, 2019 14:13
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија се движи низ извонреден историски процес на цементирање на својата сувереност, независност, на закотвување на својата статешка  определба да биде дел од Западот. Има забавување на процесот на нејзиното евроинтегрирање, направена беше грешка во Брисел, тоа е разочарувачко. Но, во основа нема никаква промена. Она што се случува сега е голем историски процес, земјата ја зацврстува својата позиција на интегрирање кон Запад, а тоа го прави преку отвореноста на општеството, позитивните демократски процеси, враќањето на владеењето на правото, отворање кон нови економски можности.

Тоа во интервју за МИА го истакнува Дејмон Вилсон, извршниот заменик претседател на Атлантскиот совет, кој учествува на Охридскиот дијалог што овие два дена се одржува во коорганизација на премиерот Зоран Заев и на Атланскиот совет.

Според Вилсон, одлуката на Сенатот на САД да го поддржи приемот на Македонија во НАТО е мошне голема работа.

– Тука бев и во она време на конфликтот кога земјата беше соочена со опасност од граѓанска војна, поделби, уништувања. Земјата мина тежок пат, но сега е пред вратата на НАТО. Нејзината сувереност, безбедност е дефинирана. Таа ќе биде дел од нашето семејство, од НАТО Алијансата. Ќе биде дел и од ЕУ, и подобро е тоа да се случи порано отколку подоцна, сметам дека земјата го заслужува тоа, вели Вилсон.

Тој уште истакна тоа што Франција не дала зелено светло за отпочнување преговори за членство на земјата кон ЕУ е повеќе проблем не на Македонија туку на САД, на Британија, Европа…

– Западните демократски општества во моментов се соочуваат со своевиден популистички отскок. Не треба да чуди кога во услови на несигурност за иднината на ЕУ една од членките ќе рече дека е време за пауза. Тоа не е добро за Северна Македонија, не е правилно. Оттаму разочарувачка е одлуката на ЕУ, но на тоа треба да се гледа како на отскочна штица. Стратешката насока е силна, стратешката позиција на Македонија е јасна, така што ќе стигнеме таму, ниту во еден миг не се сомневаме дека земјата ќе биде дел од ЕУ. Токму затоа Атлантскиот совет има јасна програма за Балканот, посветени сме на идејата на поддршка на лидерствата што се решени да ги трансформираат своите семји, а за возврат да им ги отвориме вратите на нашите институции, вели Дејмон Вилсон во интервјуто за МИА што во целост ќе биде објавено утре.

Next Post

Пендаровски за грчката ТВ „Алфа": Исходот од Брисел беше шок за сите

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk