ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поповски: Дел од граѓаните сè уште не веруваат дека коронавирусот постои, мора да се бориме против лажните вести

June 11, 2020 13:07
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ

Уредбата на Владата со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување на вработените во медиумите ја потврдува нејзината определба дека тие се еден од столбовите на нејзните политики за поддршката на медиумите и медиумските работници во максимум без никаква селективност и израз на благодарност за посветеноста на новинарите во справувањето со  пандемијата, изјави министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

-Вие новинарите заедно со нашите херои здравствените работници, вработените во полицијата, армијата и други професии сте на првите борбени линии во време на оваа тешка светска пандемија. Сакам да се заблагодарам на сите кои ја имате храброста, но и професионалното достоинство и дигнитет и кои одлучно и одважно заедно со сите граѓани застанаа во одбрана и справување со ова зло на современото човештво. Вашиот начин на презентирање на информациите, професионален и етички многу значи вистината да допре до граѓаните, и верувам дека со уште поголем ангажман ќе продолжите понатаму, рече Поповски заблагодарувајќи им се и на Владата, министрите и институциите кои беа активно вклучени во формулирање на текстот на уредбата со кој се опфатени сите медиуми и едногласната поддршка.

Тој на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Бујар Османи, истакна дека критериумите за субвенциите се многу јасни и прецизни, а се изработени во целосна констултација со ССНМ и новинарските здруженија. Уредбата ги опфаќа сите медиуми и се базира на начинот на кој тие се регистрирани согласно законските норми.

-Можат да добијат поддршка медиумите кои имаат дозвола за ТВ или радио емитување дадени од страна на АВМУ и се регистрирани во регистарот на ТВ или радија, печатените медиуми од општ информативен карактер кои се регистрирани во регистерот на издавачи на печатени медиуи на АВМУ. И електронските медиуми или порталите кои имаат веродостоен импресум – уредник , редакција, контакт податоци и адреса, да имаат регистрирано правно лице во РСМ и транспарентно да ја декларираат својата сопственост, рече Поповски.

Субвенционирањето ќе биде периодот јуни јули и август, при што медиумите треба да  ги имаат платено претходно сите давачки кон државата, и да имаат најмалку три вработени, затоа што, вели, на тој начин ќе се селектираат сите кои во медиумската сфера работат професионално.

Со оваа уредба продолжува целосната поддршка на Владата за медиумите врз основа на непарична помош и поддршка, согласно барањата на новинарските здруженија, рече Поповски и спомна и други уредби за поддршка на медиумите како ослободување од трошоците на медиумите за 2020 година кон операторот терестријалниот мултиплекс и за дозволите што ги опфаќа националните ТВ и ТВ од друг формат. Радијата се ослободни за давачки за нивните радиофреквенции, а се подготвува уредба за ослободување на трошоците на преност на сигнал за останатите ТВ-кабелско сателитските регионални и локални ТВ, а исто така медиумите можат да ги користат и сите пакети на Владата за стопанството како што е субвенционирање на минималната плата.

Целосна поддршка оваа Влада, рече Поповски, дава на саморегулаторните механизми и има нулта толеранција за какви било закани уцени и притисоци врз медиумите, оние, пак, што се случија веднаш се адресирани од институциите. Владата по примерот на некои соседни земји не донесе уредба за информирање во текот на вонредна состојба туку само повика на професионалност и етичност во работењето, транспарентно однесување кон оваа светска криза, а надлежните министри постојано информираат за актуелните состојби за граѓаните да ја добијат вистинската слика и да знаат како да се однесуваат и да си го заштитат здравјето. За жал, посочи, лажните вести и понатаму пенетрираат и тоа е нешто што сериозно загрижува.

-Поразувачки е податокот дека 10-тина отсто од ѓраѓаните се уште мислат дека вирусот не постои, а околу 40-тина и повеќе проценти дека е создаден во лабораторија. Ова е нешто што драматично нè загрижува. Тоа треба да нè загрижува не само како власт и институции, туку и вас како медиумски работници. Имаме заедничка задача вистинските информации да допрат до секој граѓанин, да најдеме начин и канал да стигнат до секого. Луѓето мора да ја знаат вистината. Лажните вести имаат токму таква функција да ја дестабилизираат државата, системот, но во овој случај се директна закана за животите и здравјето на граѓаните. Затоа замолувам за максимална професионалност, да се фокусираме да ги информираме граѓаните, да се спасиме и да излеземе како победници од овој втор бран на корона кризата. Се додека има граѓани кои мислат дека не е опасно и не треба да се почитуваат мерките во целост, дека нив нема да ги снајде болеста имаме голем проблем и заеднички страдаме сите, рече Поповски.

Оваа болест, посочи, не познава разлики ниту по професии, ниту по верска, етничка, политичка или каква било основа и упати апел до медиумските работници за заедничко спречување на лажните вести.

-Никој не знае колку ќе трае, но од нас зависи како ќе излеземе и како ќе се справиме со кризата. Она што останува по завршување на оваа вонредна состојба и по завршување на изборите во еден широк заеднички консензус е да најдеме решение како да се справуваме со лажните вести. Ќе ги следиме препораките на ЕУ, на ЕК, на сите развиени држави во светот, но и нашата специфика за да најдеме начин како ова зло што го уништува човештвото да прекине засекогаш. Во нашиот кривичен законик сè уште нема кривичнo дело ширење лажни вести, а во многу држави го има. Ќе мора да најдеме начин како оние што немаат намера да известуваат туку да ни го искомплицираат животот да ги спречиме во тоа, порача Поповски.

Next Post

Филипче: Денеска 175 нови случаи и пет починати од Ковид-19

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Yon Idy со промоција на „Don’t Break It“ – нов сингл, видео и моќен настап во живо во Скопје

August 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

August 22, 2025

Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk