Министерот без ресор, Едмонд Адеми, за емисијата „Вин-вин“, за ситуацијата околу охридскиот регион и препораките на УНЕСКО, изјави дека оваа влада сторила многу во изминатите три години, пренесува Локално.мк.
„Ние наследивме една многу тешка ситуација околу Охрид, кој е природно и културно наследство. Сепак ова е комплексен процес, кој ја вклучува централната власт, Министерството за култура, Министерството за надворешна средина, Министерството за транспорт и врски и локалната власт и се бара еден координиран пристап“, вели Адеми.
Според него, реактивните мисии на УНЕСКО што доаѓале во државата давале забелешки и препораки, а претходната влада ги држела во фиока.
„Ниту ги спроведувале, ниту го информирале УНЕСКО. Сето тоа после се собра на купче ние кога дојдовме на власт во јуни месец. Го укинавме ски-центарот, го укинавме патот А2 кон Струга и Требениште и минатата година го средувавме колекторот со 4 милиони евра сопствени средства, односно инвестиравме како држава“, изјави министерот Адеми.