ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките

Министерот Филипче изјави дека кој било настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните.

June 12, 2020 08:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 70 проценти од активните случаи и новозаразените со коронавирусот се во рамките на познатите кластери, но има и нови, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Филипче потенцира дека појавата на нови случаи е секогаш поради истата причина, а тоа непочитувањето на мерките. Тој посочи дека меѓу новите кластери се лица заразени на две свадби во Охрид и Скопје.

– На семејна прослава во Охрид со околу 200 присутни, досега се потврдени осум позитивни пациенти, 40 контакти се во изолација, додека на свадба во Скопје, на која имало стотина луѓе, досега се потврдени се 14 позитивни на вирусот. Голем проблем на епидемиолозите и инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) им создава несоработката на присутните на таа прослава, рече Филипче, кој потенцира дека и покрај забраната, луѓето прават масовни собири, а згора на тоа не се кажуваат точни информации и не ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести.

Министерот Филипче изјави дека кој било настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните.

 

Во однос на штипските конфекции, Филипче информира дека се земени се 778 бриса, од кои потврдени се 126 позитивни случаи и хоспитализирани во болницата се 24 лица. Сите останати се на домашно лекување или во самоизолација, во зависност од симптомите. Од решенијата вкупно издадени од ДСЗИ, 400 лица се контакти.

Тој рече дека состојбата во Штип, и во тетовско постепено се смирува, но останува жариштето во Скопје, особено населбата Чаир, каде има најголем број потврдени случаи.
Од вчера регистрираните 175 случаи, 131 се во Скопје, од кои 14 се од Чаир. Оваа скопска општина и натаму останува со најголем број заразени. Заклучно со завчерашната бројка, вкупно заразени во Чаир се 209, по што следат Бутел со 76, Аеродром и Гази Баба со по 75, Центар со 73, Карпош со 72, Сарај 64, Кисела Вода 43, Ѓорче Петров 35, Шуто Оризари 26 и Студеничани и Арачиново со по 24 заразени. Илинден има вкупно 19 заразени со КОВИД-19, Петровец шест, Чучер Сандево четири, Сопиште два, а двајца од заразените се странци.

 

Со вчерашните 175 заразени, вкупната бројка на заразени се искачи на 3.538, од кои активни се 1.687, а оздравени 1.682. Од почетокот на епидемијата починаа 169 лица, од кои вчера пет. Тројца од Скопје, на возраст од 59, 60 и 64 години, еден пациент од Гостивар (72) и еден од Прилеп (72).

Министерот за здравство Филипче истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата и дека болниците сè уште имаат капацитет да ги згрижат заболените. Тој информира дека од понеделник медицински персонал од државата ќе се приклучи на тимовите во Градската општа болница „8 Септември“. Се работи за 10 лекари и исто толку медицински сестри.

Поради големиот број на новозаболени, се одложува за една недела нормализирањето на работата на клиниките, од претходно договореното.

 

Матичните лекари засега не се планирани во таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за Ковид-19, но тие можеби ќе бидат опфатени подоцна, изјави вчера Филипче.

Над 30 проценти од смртните случаи се од првиот до петтиот ден од хоспитализацијата, што е доказ дека пациентите, за жал многу доцна доаѓаат во болница. Многу е тешко да се утврди причината.

Во однос на тоа дали е почната постапка против матични лекари кои не веруваат во вирусот и не ги упатуваат граѓаните на лекување, според информација на Лекарската комора, и дали од хоспитализираните има нивен пациент, министерот Филипче рече дека има пациенти, кои многу доцна се јавуваат во болница и тоа го покажала анализата на смртност.

Филипче упати апел сите пациенти во болниците да кажуваат точни податоци, а за давањето неточни рече дека ќе инсистира тоа да се санкционира.

Next Post

Стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk