ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Новитети на Самоглас – месец на македонски автори

June 12, 2020 10:59
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По своето објавување во јавноста на почетокот од оваа година, тимот на Самоглас – веб платформата за аудио книги на македонски јазик, во изминатите шест месеци напорно работи на продукција на нови содржини. Со оглед на фактот што овој месец се одбележуваат јубилејни 75 години од усвојувањето на македонскиот правопис, Самоглас месецот јуни го посвети на македонските автори и нивните дела. Започнувајќи со „(С)Плетени раскази“ на Оливера Ќорвезироска и „13“ од Жарко Кујунџиски, до крајот на месецот на платформата ќе се најдат дела од Владимир Мартиновски и Горан Стефановски.

Од Самоглас велат дека за време на целиот период на рестриктивните мерки за движење, бројот на корисниците на платформата се зголемил дури за 23%. „Ова за нас е јасен показател за интересот за и вредноста на Самоглас, особено во време кога нашите библиотеки се затворени за корисниците. Зголемување на бројот на читатели делумно е резултат на рестрикциите кои дозволуваa повеќе слободно време поминато во домашни услови. Аудио книгите, освен што се начин за корисно поминување на тоа слободно време имаат и огромен бенефит за менталното здравје.“ – вели Ангела Стојановска од Самоглас.

Младите актери кои стојат зад аудио платформата за време на вонредната состојба решија да најдат алтернативен начин во продукцијата на аудио содржини преземајќи ги потребните мерки за заштита. Со што успешно ја реализираа кампањата #СамогласОдДома на која се приклучија нивни колеги, студенти, дипломирани актери, режисери и професори од Факултетот за драмски уметности – Скопје. Со нивната помош и несебично позајмување на своите гласови, а со користење на нивните мобилни телефони аудио библиотеката на „Самоглас“ се збогати со шест нови книги и над триесет нови гласови.

„Во блиска иднина планираме збогатување на функционалностите на Самоглас, во најголем дел фокусирани на player-от и сакаме да го оптимизираме сајтот за да понуди најголема ефикасност при користење од страна на слепите и лица со оштетен вид и лица со дислексија. Со малку среќа во изнаоѓање на финансии, до крајот на годината може да се очекува и мобилната апликација.“, – додава Стојановска.

Доколку се уште се немате регистрирано, тоа може да го направите бесплатно на samoglas.mk за помалку од 30 секунди и да уживате во аудио библиотеката со над 20 изданија.

За сите оние кои сакаат да се во тек со Самоглас, можете да ги следите нивните официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Инстаграм.

 

Next Post

Николај Крстев: Македонскиот јазик е факт, тоа не треба да е проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk