ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Акција во Штип: Неодговорното однесување има цена

Претходно во автобусите се возеа суперхероите на Штип, но денеска тие се полупразни бидејќи во нив се ширеше заразата со корона вирусот. Автобусите сега, наместо супер херои, превезуваат вируси на КОВИД 19, велат активистите од Штип.

June 12, 2020 18:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Во текот на денешниот ден Штип арт активистите спроведоа уште една акција поврзана со неодговорното однесување на работодавачите, превозниците, работниците и институциите.

Преку оваа акција сакавме да ја потенцираме неодговорноста и непочитувањето на насоките и мерките за заштита дадени од Светската здравствена организација и Кризниот штаб, поради што станавме сведоци на ширењето на заразата со КОВИД 19 и на неможноста да се заштитат граѓаните на Општина Штип и околината.

Сакаме да пренесеме порака дека неодговорното однесување си има своја цена и истото е претставено преку банерот кој е поврзан со претходната акција. Претходно во автобусите се возеа суперхероите на Штип, но денеска тие се полупразни бидејќи во нив се ширеше заразата со корона вирусот. Автобусите сега, наместо супер херои, превезуваат вируси на КОВИД 19.

Исто така, пред текстилните фабрики, Општина Штип, плоштад “Слобода” и градскиот пазар се поставени инсталации со фискални сметки, фактури и парагон блок на кои ги има податоците со бројот на заразени и мерките кои беа прекршувани како показател дека неодговорното однесување и непочитувањето на мерките резултира во зголемениот број на заразени, дијагностицирани, хоспитализирани и починати.

Апелираме до сите граѓани, работодавачи, превозници  и институции, да ги почитуваат мерките, да бидеме сите одговорни, солидарни, на висина на задачата и да го заштитиме колективното здравје во нашиот Штип.

Next Post

Приведено лице од Сингелиќ, затекнато со полициски службеник кој не бил на должност

НАЈНОВО

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk