Евроамбасадоот Самуел Жбогар очекува лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициксата ВМРО-ДПМНЕ.Христијан Мицковски вечерва на средбата во вила Водно која е во тек, да најдат решение за датумот на одржување на изборите, бидејќи, како што вели, двете партии сакаат избори во јули.
-Јас го слушав претседателот Пендаровски денеска кога објаснуваше зошто нема да ја пролонгира вонредната состојба. И тој ги покани двајцата лидери на средба затоа што мислам дека имаше многу добра поента дека лидерите треба да разговараат и да најдат решение. Најдобро е секако ако сите се согласат за датумот. Мислам дека тоа е многу добар гест од негова страна и се надевам дека кога ќе се сретнат лидерите ќе најдат решение. Не се многу далеку двете или сите партии сакаат избори во јули. Прашањето е само да се согласат за датумот, а тоа не би требало да биде премногу тешко, вели Жбоогар во интервју за ТВ Телма.
Лидерите на владејачката СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се на средба во претседателската вила на Водно откако претседателот Стево Пенадровски денеска ги повика да најдат решение кога да се одржат предвремените парламентарни избори.
Пендаровски во обраќање до јавноста истакна дека избори треба да има, но оти тие треба да бидат во договор и со учество на сите политички субјекти.
Ова е прва средба во ваков формат за изборите кај шефот на државата, откако на претходните две лидерски средби не беше постигнат договор./МИА/