Лидерите на владејачката СДСМ, Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја започнаа средбата кај претседателот на државата, Стево Пендаровски.
На денешната прес конференција, шефот на државата ги повика двајцата претседатели на најголемите политички партии кај нас на средба во неговиот кабинет на Водно.
Пендаровски посочи дека останатите политички субјекти кои ќе учествуваат во изборите се сложуваат изборите да се одржат во јули и затоа нема потреба од трета лидерска средба.
А. Н. С.