Џабир Дерала на конференцијата „Зелените доаѓаат“ (#ЗеленитеДоаѓаат) го сподели своето убедување дека зелените вредности кај нас се практично непозната категорија. Според него, зелените вредности на прво место вклучуваат почитување на човековите права и слободи, човековото достоинство.
Човековите права се неделиви, не можете на некому да му дадете повеќе, а некому помалку права, исто како што не можете некому да му дадете повеќе, а некому помалку воздрух за дишење – е една од пораките што ги упати Дерала.
Во своето излагање, Дерала ја промовираше идејата за формирање на движење на Зелените во Северна Македонија.