ВЛАДАТА на Република Северна Македонија на вчерашната 66-та седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија.
ВЛАДАТА на вчерашната седница донесе повеќе одлуки, во кои беа вклучени и уредбите за образование, поддршка на ученици и студенти за дигитални вештини, како и уредби за сместување и студирање.
ДРЖАВНАТА комисија за спречување на корупцијата објави повик за пријавување набљудувачи на изборната кампања на учесниците во Предвремените парламентарни избори 2020 година.
РАЗВОЈНАТА банка ќе склучи договори со 476 компании кои ќе добијат поддршка од 316.038.500 денари преку кредитната линија од Компензационите фондови од странска помош со цел намалување на последиците од коронавирусот.
НАД 20.000 забелешни за домашна картичка, надлежните велат секој што ги исполнува условите ќе добие средства.
ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди вчера јужниот дел на Јапонија.




