пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Вмро не се битни.
Тоа е болест.
Тоа не е политика.
Но, Дуи се.
Како и другите албански партии.
Ако Дуи оди на избори, вмро можат да отидат на нотар и да се пререгистрираат во производители на пролетна зелка.
Или во Терезијанско здружение за заштита на здравјето на граѓаните.
Или во Самоуправна интересовна заедница (СИЗ) на затворените и отворените криминалци.
Овие од надвор би им носеле на оние внатре, цигари, алкохол и дрога, во замена за украдените пари.
Па би се менувале.
На секои пет години, со решение на Годишното собрание на Самоуправната интересовна заедница на македонскиот криминал.
Ако Дуи реши да не оди на избори, тоа ќе значи дека ја активирале опцијата за дисолуција на Македонија повеќе отколку дека ќе одат со вмро поради криминалните бекгрунди.
Но, јас мислам дека нема да се решат за таа варијанта затоа што тој развој на настаните по природата на нештата ќе ги однесе во сериозни ризици и предизвици, ќе ги заебе сите нивни статуси остварени во дваесетгодишната борба од фотеља, затоа што тоа би значело почеток на конфронтацијата со нато.
И со светот.
Западно од Исток.
Така што, Дуи ќе одат на избори.
А ќе ги повлечат и вмро затоа што тие скотови ќе разберат, или некој ќе им каже, дека дури и загубените избори се многу подобра варијанта од садењето на пролетна зелка во дворот на “Идризово”.
Тие и на избори можат да го добијат истото следување, но шансите за одбрана им се поголеми.
Со пет-шест или десет пратеника.
Добро, еве, нека освојат и 30.
Тој резултат, кој не е нереален, оди повеќе во прилог на учеството на изборите.
Прашајте ги вмороните што се на суд или се в затвор или се пред суд или се во егзил, други, всушност, нема, прашајте го Хер Флик или Илче и ќе видите дека секој полуразумен скот, е за избори.
Други нема.
Ако не го сметаме типот од Будимпешта кој не делува како полуразумен.
Но, и тој ќе биде за избори.
Ако, сепак, решат да не одат, тоа ќе значи дека решиле да одат во отворена војна против Македонија и против меѓународната заедница, како на 27 април, само малку пошироко, веројатно, и покрваво.
Против блокот во кој е комплетното општество што не е вмро и меѓународната заедница, немаат никакви шанси. Тие можат да ја избегнат стигмата на бојкотери, а пиздариите да ги прават со изборни саботажи и други средства за компромитација на изборниот процес што ќе го загубат, но тоа се очекувани опции кои можат да направат само евидентни проблеми, но новата власт секако ќе се конституира, а тие ќе имаат нови основи да бидат гонети.
Конечно, хидроцентарлистот нема ниту идејна ниту политичка, а можно е, ниту финансиска основа, да го издржи бојкотот и притисокот на членството истовремемо.
Мислам дека ќе заврши на плочникот пред зградата на грозомората, ако се реши за бојкот.
Сеедно дали сам ќе скокне или некој ќе го турне.
Но, има и аргументи во прилог на бојкотот.
А со што да оди вмро-дпмне на избори!?
И со кого?!
Еве, ги отворија кафеаните, извадете по случаен избор десет души од првата кафеана и ќе добиете гарнитура која во сите спортови, вклучувајки ја и политиката на мали голчиња, ќе ја смачка екипата во која центарфор игра шпиценкандидатот со две десни нозе и коцкеста глава, а на голот го имат Дибекот, човеколикиот скот кој многу бил голем и тупав за да се плаши од шутевите на противникот.
Што има да понуди смрдливата централа за афери и лажни вести, тие натуршчици на специјалната војна против Македонија, тие селски специјалци на биотеророризмот.
Нивната идеја никогаш не беа изборите, туку поткопувањето на Македонија до нивото кое ќе им овозможи врз мртвите тела на луѓето што умреле како резултат на нивното постоење и активност, да се искачат на врвот.
На кој врв!?
Народите се ослободуваат во војни.
Некои не се ослободуваат ниту во војна.
Некои наебуваат во војните за ослободување.
А некои и во војните за освојување.
Само македонскиот народ има привилегија да се ослободи на избори.
Да го стави гласачкото ливче во избирачката кутија и да ја извади од себе пантличарата што во политичкоправната медицина се вика вмро-дпмне.
Да го извади од себе злото!
Тоа е.
Нека да се концентрираме на тој момент.
Не дозволувајте да паднете на пропагандата која цело време ве тера да тепате муви оставајки ја пантличарата да ве јаде од внатре.
Да ја извадиме и да ја уништиме како снимка од контролните камери во Собранието за време на државен удар, па преса на нашата избирачка воља, па сецкажа на рехабилитираниот систем.
Наспроти сдсм, кој е далеку од идеален, но слушајте, донесе слобода на мислата и на говорот, донесе ослободување на духот, донесе решенија со Грција и со Бугарија, го донесе нато, ја носи еу, носи драстични промени во урбанистиката, во социјалата, во економијата, во извозот, во здравството…
Многу се секирам што нема да има кампања.
Ех, кај се старите добри времиња.
Автобуси, митинзи, сендвичи, пиво, музика, па пребројување на вечерните вести на теве: 20.000, 50.000, најмногу во историјата.
Хахаха!
И говори, нормално.
Еден пионер, еден младинец, еден земјоделец, еден работник, еден пензионер и на крајот Тој!
Лидерот!
Дронови летаат над главите на обнадежените и ги множат пута сто.
Тие пред Триумфекалната порта, ние пред владата.
Нема врска, може и обратно.
Морам да забележам дека опасно се пополнува просторот на собиранките. Коњи, херои, фонтани и други урбани аксесоари, не истиснаа нас луѓето, мајката ни расплакаа.
****
Ова се најважните избори.
Мораме да се ослободиме од вмро за да се плурализираме на реална основа, да се откочиме, да тргнеме напред.
Сите права се задржани.