ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петров: Преку платежните картички и ваучери ја зголемуваме куповната моќ и домашната потрошувачка

June 14, 2020 16:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Уште од самиот почеток на кризата, презедовме низа мерки преку кои со директна финансиска поддршка им помагаме на граѓаните и на компаниите полесно да ја пребродат оваа глобална криза, изјави еден од потпетседателите на СДСМ, Коста Петров.

Во тек е реализација на третиот пакет на економски мерки, наменет за 730.000 корисници и со вредност од 355 милиони евра. Целта на овој пакет е да ја зајакнеме приватната и јавната потрошувачка и да креираме нова, развојна македонска економија. Со овој пакет мерки ја поддржуваме нашата економија и нашите производи и услуги а со тоа и ги штитиме работните места на граѓаните но и креираме нови.

Дел од третиот пакет мерки е домашната платежна картичка „Купувам домашно”.

Вкупно 28 милиони евра им се доделуваат на 324.479 граѓани, како директна парична поддршка од државата со цел да се зголеми куповната моќ и да се стимулира приватната потрошувачка.

Средствата веќе се исплатени на деветте банки издавачи на домашната картичка, кои до 18 јули ќе им бидат поделени на граѓаните корисници на оваа мерка.

Картичка со 9.000 денари добиваат невработените, активни баратели на работа кои оствариле примања до 180.000 денари во текот на 2019 година и до 60.000 денари од јануари до април годинава, како и примателите на социјална помош.

Ваучер за домашен туризам вреден 6.000 денари и финансиска помош до 3.000 денари на платежна картичка добиваат, вработените кои за периодот од јануари до април годинава оствариле примања до 60.000 денари.

Средношколците и студентите од 16 до 29 години добиваат платежни картички со вредност од 3.000 денари, а над 4.300 здравствени работници кои се на првата линија во борбата против коронавирусот на картичка ќе добијат 40% од последната основна нето плата.

Граѓаните нема потреба да аплицираат за домашната платежна картичка, туку ќе ја добијат системски и едноставно, дури и во случај да имаат блокирана сметка.

На интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да се информираат за тоа дали се корисници на картичката, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање.

Овие платежни картички и ваучери се само дел од трите пакети мерки кои обезбедуваат нова развојна македонска економија.

Ние не застануваме тука. Ќе продолжиме со креирање на нови мерки. Заедно, ќе продолжуваме да ги штитиме работните места на нашите сограѓани и заедно ќе креираме нови.

Вие треба само да се придржувате до мерките за заштита на здравјето и да бидете спокојни, заедно ќе излеземе од оваа криза похрабри и посилни.

Next Post

Николовски: Ваучери „Дома си е дома“ за зајакнување на домашниот туризам

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk