За првпат, Скопје ЗОО ќе биде дом на арктички бели волци, најавија од Скопската зоолошка градина на нивната официјална Фејсбук страна.
Овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваме во Скопје да пристигнат следниот месец, велат од Зоолошката.
Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во Скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите.