ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитриевски: Очекувам правда, секогаш ќе останам социјалдемократ

June 15, 2020 14:35
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денеска ја искористив мојaта граѓанска можност со оглед на сето она што поминав поврзано со наводната кривична пријава за која што бев теретен, согласно член 206 од Казнениот законик да побарам од МВР и од Одделот за внатрешна контрола комплетна истрага на случајот и како дојдовме до ситуација да биде поднесена кривична пријава што беше потврдена од Основното јавно обвинителство како неоснована. И тогаш верував и денеска верувам во институциите на системот и верувам дека овој предмет ќе резултира со разрешница, бидејќи оваа држава мора да изгради капацитети коишто без разлика на политичките притисоци ќе функционира и ќе работи непристрасно и крајно професионално“, изјави на денешната прес-конференција пред МВР, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, пренесува Цивил Медиа.

Димитриевски посочи дека очекува во најкус можен рок МВР и Одделот за внатрешна контрола да ја утврди целата фактичка состојба во случајот каде што ќе се соопштат сите евентуални прекршувања по однос на самата постапка како е водена, на кој начин е дојдено до кривична пријава.

„Моите сознанија и она што го имаме дадено во преставката е дека во самата постапка ниту во еден момент не сум повикан на распит во полиција или, пак, некој побара мислење или став од мене во самата предистражна постапка. Во самата постапка имам формирано документација од личен карактер од страна на претставници – полициски службеници, а знаете тоа јавно го обелоденив дека во самата постапка дел од податоците коишто беа прибрани од страна на други надлежни органи, конкретно ДЗСИ беа изнесени во јавноста и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава од моја страна веднаш по завршувањето на мојот адвокатски тим со изготвување на кривичната пријава против Бухова-Сотирова“, рече Димитриевски.

Димитриевски истакна дека протоколот е испочитуван до крај, а тоа што поедини претставници на МВР, Комисијата и другите институции ги менуваат од ден за ден, тоа е прашање за нив. Според него, државниот апарт треба посериозно да се позанимава со решавање на регулативата на целиот овој процес.

„Јас сум член на СДСМ од 1995 година, сега сум челн и ќе останам член на СДСМ затоа што таму припраѓа мојата идеолошка матрица. По убедување сум социјалдемократ и така ќе продолжам јавно и транспарентно да настапувам. Притоа нема да прифатам никаков вид на било каков притисок во ситуација кога ние вршиме одговорни и јавни функции и сме градоначалници на сите граѓани во оваа држава. Затоа ќе ги отфрлам сите шпекулации во јавноста дека Максим Димитриевски има намера да членува во друга партија. Тоа не е точно. Исклучително Максим Димитриевски е член и ќе продолжи да биде член на СДСМ“, истакна Димитриевски одговарајќи на новинарско прашање околу заострените односи со СДСМ.

Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сугарески: Сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите

НАЈНОВО

Скриншот

Зграда се урна во Мадрид за време на реновирање, пожарникарите бараат преживеани

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk