ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба во Владата со ДИК: Се очекува ДИК да постапи согласно Уставот, Изборниот законик, уредбите и сопствените заклучоци и да ги активира изборните дејствија

June 15, 2020 16:24
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Се очекува Државната изборна комисија (ДИК) да постапи согласно Уставот, Изборниот законик, уредбите и сопствените заклучоци и да ги активира изборните дејствија, се наведува во соопштението од владината прес-служба по денешниот состанок на премиерот Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска, министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар во Владата Драги Рашковски со членовите на ДИК.

-На состанокот не присуствуваше претседателот на ДИК Оливер Деркоски, иако средбата е организирана врз основа на негово писмо во кое тој, во име на Комисијата побара состанок во Владата, и таа се одржа со останатите членови на ДИК предводени од потпретседателката Дитмире Шеху, стои во соопштението.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху информирала дека денеска, согласно нејзините овластувања, заедно со мнозинството членови на ДИК, ќе иницира седница на која ќе се повика на заклучокот на Kомисијата од 22 март во кој се вели дека „сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик до 22 март 2020 година се сметаат за важечки и дека сите преостанати дејствија кои произлегуваат од Изборниот законик ќе бидат предвидени во ревидираниот роковник кој ДИК ќе го донесе веднаш по укинувањето на вонредната состојба и донесувањето на новата уредба на Владата за изборниот процес“.

На состанокот премиерот Спасовски истакнал дека во очекување на состанокот на ДИК на која ќе се потврдат одредбите на заклучокот на комисијата од 22 март, Владата е веќе подготвена да ги исполни сите обврски во врска со организацијата и спроведувањето на изборите, вклучувајќи ги и препораките за безбедно спроведување на изборниот процес од здравствен аспект, врз основа на кои ДИК ќе подготви упатства.

Next Post

Заев: Верувам дека ќе се усогласиме за здравствените протоколи, за кампањата и за денот на изборите

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

„Safe Water Sports“ советуваат како да се заштитиме од давење во водена средина

August 10, 2025
Фото: Генералштаб на Армијата

Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила

August 10, 2025

ЦУК: Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири

August 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија против Унгарија по прва победа во претквалификациите за СК 2027

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk