Ова е за спас на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава.
Следен чекор ќе биде да побараме од претседателот Пендаровски да прогласи уште една вонредна состојба, за да го обезбедиме учеството на опозицијата на изборите, секако и за да промениме денот на изборите од недела во среда на 15-ти јули и исто така дека се гласа наместо до 19.00 часот, до 21.00 часот. Mолкот настапува на полноќ на 12-ти јули, недела.
Овој пат барањето за вонредна ќе биде само заради усогласување на 15 јули како конечен датум за избори и сите промени соодветни на избирачкиот закон. И тоа е фер граѓаните да го знаат, ќе се бара Вонредна заради избори, бидејќи истата не е потребна заради економските мерки – тие се веќе во полна реализација.
Договоривме со Мицковски, да и јас и тој да го информираме претседателот Пендаровски за договорот што го постигнавме, а Претседателот Пендаровски ќе ги информира останатите политички партии. Исто така се договоривме да ги информираме нашите членови на ДИК за да ги усогласат сите протоколи за организирање на избирачкиот процес.