ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Кадровски засилувања каде што е најпотребно, децата да не се групираат и да носат заштитни маски

Маска, дистанца и почитување на протоколите за работа е нешто кон што сите треба да се придржуваме, нагласи министерот Филипче на прес конференција.

June 15, 2020 17:34
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција ги истакна најважните точки околу справувањето со коронакризата, кадровските засилувања во здравствените установи каде е потребно и нагласи дека градинките сѐ уште не се отворени за заштита на најмладите, кои најчесто се асимптоматски носители, но можат да бидат преносители на вирусот и апелира и децата да носат заштитни маски и да не се групираат.

Охрабрува фактот што има висок процент на асимптоматски случаи и пациенти со лесна клиничка слика кои се наоѓаат на домашно лекување. Во моментот се хоспитализирани 14%, додека 86% се практично во домашни услови.

Огромен процент од починатите пациенти од ковид-19 се пациенти коишто имале претходни хронични заболувања. Од 193 починати лица, најголем дел се на возраст над 60 години, а кај 76% се регистрирани бројни коморбидитети како хронични болести на кардиоваскуларниот систем, белите дробови, и шеќерна болест.

Во изминатите денови засилени се со кадар Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде се лекуваат овие пациенти.

Монтажната болница е целосно подготвена и достапна за лекување пациенти со КОВИД-19 вирусот. Направен е план за ротација на лекарскиот кадар.

Заради спречување на ширењето, прекинат е редовниот програм на хронични интервенции. Се извршуваат само итни и неопходни, со примена на сите заштитни мерки на пациентите и медицинските лица.

Мораме сите да бидеме одговорни за да се спречи ширењето на вирусот, да се намали притисокот врз здравствените институции, коишто ги третираат овие пациенти заболени од КОВИД-19 вирусот. Мора да сме одговорни за да може што поскоро да се отворат сите болници и клиники за граѓаните коишто имаат потреба и пациентите. Маска, дистанца и почитување на протоколите за работа е нешто кон што сите треба да се придржуваме

Враќањето кон рестриктивните мерки не е добра опција заради тоа што кое било следно попуштање повторно ќе нѐ соочи со ова, и затоа тоа значи дека може да се вратиме на самиот почеток.

Градинките сѐ уште не се отворени, заради тоа што се заштитуваат децата. Апелирам до родителите да им укажат на децата, на младите дека треба да носат маски за да се заштитат себеси и да не се групираат. Иако младите поретко заболуваат и се најчесто асимптоматски, тие можат да шират инфекција. Сите граѓани да ги почитуваат мерките за конечно да се стабилизира состојбата, напиша министерот Филипче во пост на Фејсбук.

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: Избори на 15 јули, се очекува ДИК да постапи согласно Уставот...

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

August 6, 2025

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Тереза“-Чаир со нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика

August 6, 2025

Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

August 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казна за младите тиктокџии кои го ризикуваа животот за 1 минута слава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk