ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Двајца кандидати за ректор на УКИМ бараат оставка од Универзитетската изборна комисија

Во допис до медиумите реагираат на начинот на продолжување на постапката за избор на ректор, како и новиот роковник објавен на сајтот на УКИМ (во недела на 14 јуни) што, според нив, „уште повеќе ја компромитира регуларноста на целата постапка“.

June 16, 2020 09:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Двајца кандидати за ректор нa Универзитетoт „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р  Петар Атанасов и проф. д-р Вујица Живковиќ, вчера поднеле приговор до Универзитетската комисија за избор на ректор зашто сметаат дека се преземени активности што не се во согласност со Уредбата на Владата, Законот за високо образование, ниту со Статутот на УКИМ.

Во допис до медиумите реагираат на начинот на продолжување на постапката за избор на ректор, како и новиот роковник објавен на сајтот на УКИМ (во недела на 14 јуни) што, според нив, „уште повеќе ја компромитира регуларноста на целата постапка“. Конкурсот за последниот (петти) ден требало, велат, да биде објавен на истиот начин како и првиот пат, во две јавни гласила и на страницата на УКИМ и дека не е во ред преку мејл во 23:55 часот на 14 јуни (недела) да се информираат кандидатите кои поднеле документи во рок кој не е валиден.

Сметаат дека на овој начин е оневозможено други кандидати да конкурираат, што е сосема неуставно и прашуваат зошто роковите на валидност на комисијата се продолжени по 26 јуни 2020, кога претходно им било објаснето дека по тој датум Комисијата е невалидна затоа што мандатот на членовите истекува на тој ден. Според Статутот, наведуваат, по ова прашање единствено толкување може и треба да даде Сенатот.

-Вие како комисија не можете да ја толкувате Уредбата на Владата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба во делот дека „Спроведувањето на останатите дејствија за избор на раководни органи на високообразовните установи, кои започнале пред влегување во сила на оваа уредба со законска сила, продолжуваат по престанокот на траењето на вонредната состојба и по престанокот на ограничувањата утврдени со закон“, односно Вие да констатирате дека нема други ограничувања утврдени со закон. Толкување може да даде само орган кој ја донел Уредбата, односно во овој случај Владата на Република Северна Македонија, се наведува во приговорот.

Пред да продолжи со какви било активности и за да не ги пречекори своите надлежности, од Комисијата бараат да побара толкување од Владата и веднаш да ги стопира сите преземени активности. Бидејќи од вчера повторно се воведува вонредна состојба, Атанасов и Живковиќ од Комисијата за избор на ректор бараат да поднесе оставка, а институциите на државата, како што велат, „да ги санкционираат овие противзаконски дејства во веќе целосно компромитираната и дискредитирана постапка“./МИА/

Next Post

Во МВР моментално има 41 позитивен на коронавирус, а 180 се во самоизолација

НАЈНОВО

Скриншот

Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк

August 28, 2025
Скриншот

Трамп ја отпушти директорката на Центрите за контрола и превенција на болести Сузан Монарез

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk