ОД денешната седница на Владата:
- Протоколите за работа се донесени – Хотелите почнуваат со работа од понеделник, базените се отвараат само за пливачките клубовите, не и за рекреативците.
- Лекување и сместување на пациентите од коронавирус, сега и во приватните болници.
- Од утре, 17 јуни, се отвораат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.
ФРАНЦУСКИОТ производител на лекови „Санофи“ соопшти денеска дека ќе инвестира 610 милиони евра во два нејзини француски објекта за да ги претвори во центар посветен на истражување, развој и производство на вакцини.
МИНИСТЕРОТ за земјоделство Димковски, ги посети општините Карбинци и Василево – Бербата на вишни во полн ек, соработката е клучна за обезбедување сигурен пласман
ДЕНЕСКА во ФРОНТ:
- Изворот на кризата – пишува Петрит Сарачини
- Гуски во предизборна магла – колумна на Сашо Орданоски
ДИК на седница во 16:30 часот треба да донесе ревидиран Роковник за изборите на 15 јули
ДВАЈЦА здравствени работници од Инфективната клиника и 36 од ГОБ „8 Септември“ заразени со Ковид-19.
БИЗНИС заедницата во земјава го поздравува постигнатиот договор за изборите, очекува стабилна Влада и функционален Парламент
ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ на општините Пехчево и Берово денеска во Едукативниот центар за заштита на природата во село Негрево потпишаа меморандум за соработка за унапредување на шумите.