Експлицитен говор на омраза и закани по животот кон активистката и советничка во Град Скопје Михаела Иванова, осамнаа на социјалната мрежа Твитер.
Се користат познатите етикети – СОРОСПИИ, ЛЕЗБЕЈКА, НАРКОМАНКА, истиот говор на омраза и речиси секогаш позади тоа стојат затскриени профили, без податоци и лични фотографии. Овој пат тоа е Твитер профилот на @DenicaMMM Марга, скриена, или скриен позади фотографија од Маргарет Тачер.
– Ја имаме адресата, доволно е, вели заканувачот/заканувачката.
Михаела на ФБ ќе пише:
„Прво, сум среќно мажена.
Второ, никогаш не сум била во контакт со наркотични средства, а уште помалку да конзумирам.
Трето, не сум ЈАСЕ, уште помалце па сум позната како “Човекот од управата”.
Четврто, не користам твитер, а не па да иам профил потпишан како Golemiot_Brat.
А и Анѓушев само од тв го знам.
Последно, ЈАС не се заканувам по луѓе како што тоа го прават тие од вмровската опозиција!
Еве да ви помогнам!
АМАТЕРИ!“, пишува Михаела Иванова на Фејсбук
Михаела Иванова, е активист и истакнат борец против режимот на Груевски за време на Шарената револиција.
Ј. Ѓорѓиоски